Познатиот актер, Драган Спасов – Дац, со емотивна објава на социјалните мрежи, ѝ го честиташе роденденот на својата мајка Лидија. Во своето препознатливо искрено и топло стилско изразување, Дац сподели лична порака полна љубов, благодарност и нежност, што ги допре срцата на неговите следбеници.
„Денеска ѝ е роденден на мојата мајка. Но оваа мајка не е како другите мајки, оваа мајка решила да ме роди баш мене и да стане моја мајка“, започнува Дац во објавата, проследена со фотографија и посвета.
Тој ја опишува својата мајка како „најдобрата и најубавата мајка на светот“, додавајќи: „јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син“, нагласувајќи ја силната врска меѓу мајка и син.
Денеска и е роденден на мојата мајка. Но оваа мајка не е како другите мајки, ова мајка решила да ме роди баш мене и да...
Posted by Dragan Spasov Dac on Среда, 10 септември 2025
„Можам да ја препознаам по мирисот и по топлината на нејзината рака, по насмевката и по добрината во гласот...“, пишува понатаму Дац, со зборови кои го слават не само мајчинството како универзална вредност, туку и уникатната љубов што ја добива токму од својата мајка Лидија.
На крајот, објавата завршува со честитка: „Среќен роденден, мајко моја!“ и посвета: „Посветено на сите мајки, посебно на мојата.“
Пораката брзо предизвика бројни реакции – следбеници, пријатели и обожаватели коментираа со честитки и поддршка, истакнувајќи дека вакви зборови потсетуваат на вистинските вредности во животот.
Автор: Ц.Н.