Награда до три илјади евра за тој што ќе даде информација кој му го запали автомобилот: Галетановски со повик

Макфакс

10/09/2025

16:09

1.071

Големина на фонт

а а а

По инцидентот во кој беше опожарен неговиот автомобил на социјалните мрежи се огласи поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски.

„За жал некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро јас не ги делам другарите ни по вера ни по партија, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам така и ќе продолжам. Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен“, пишува Галетановски.

За жал некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки...

Posted by Gjorgi Galetanovski on Wednesday, September 10, 2025

Повика доколку некој има веродостојна информација за извршителот или нарачателот да го контактира најавувајќи и награда за тоа.

„Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира ќе биде награден со 2-3 илјади евра“, напиша Галетановски