Можете да ја најдете во местото Оија, каде најчесто спокојно дреме или ги пречекува посетителите во продавницата за сувенири која припаѓа на нејзиното семејство.
На улиците на Санторини, меѓу илјадници туристи кои секојдневно го посетуваат овој грчки бисер, внимание го украла една необична жителка – мачката Брула. За кратко време станала вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, позната под прекарот „дебелата мачка од Оија“. Нејзините фотографии и снимки обиколија Инстаграм и ТикТок, а Брула станала речиси подеднакво позната како препознатливите сини куполи на островот.
Како оваа мачка стана вирална
Сè започнало кога туристи објавиле снимки од Брула како денгуби на скалите или мирно шета по калдрмата (пред продавницата за сувенири која ја држат нејзините сопственици), сосема рамнодушна на гужвата околу себе. Нејзината полничка фигура и мирниот темперамент ги освоиле корисниците на социјалните мрежи, па хаштагови како #fatcatofsantorini и #oiacat брзо станаа вирални. Во коментарите, многумина шеговито пишуваат дека Брула има „повеќе следбеници од локалните инфлуенсери“ и дека таа е „вистински заштитен знак на островот“.
Шарм кој својува
Зошто токму Брула го освои светот? Стручњаците за однесувањето на животните велат дека луѓето сакаат автентичност и спонтаност, а токму тоа го нуди Брула. Во време кога социјалните мрежи се преплавени со средени и режирани содржини, нејзината природност и опуштеност нудат доза ведрина и смеа. Покрај тоа, фотографиите на оваа мачка совршено се вклопуваат во пејзажот на Санторини, што дополнително придонесува за нејзината популарност.
Иако Брула стана атракција меѓу туристите, таа е и потсетник колку животните се составен дел од локалната култура на Медитеранот. Мачките со векови живееле слободно по островите, чувајќи ги куќите и таверните од глодари, а денес уживаат статус на локални маскоти.