Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: Прикажани и дроновите што влегле во Полска

Макфакс

10/09/2025

11:03

1.612

Големина на фонт

а а а

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.

Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони Ф-35.


Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.

Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како „чин на агресија“ и нагласи дека НАТО реагирал активно, вклучувајќи распоредување на холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и Варшава