Срамно е Филипче да ги „штити“ националните интереси, откако поради лошите политики на СДС моравме да менуваме име, знаме и Устав, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

09/09/2025

14:49

132

Големина на фонт

а а а

Срамно и лицемерно е однесувањето на Филипче и СДС, кои говорат за некаква резолуција, уште пак и за некакво вин-вин решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако можеби заборавиле, дека баш поради нив и нивната меѓународна политика изминативе 30 години, Македонија промени име, знаме и Устав.

Дали тоа вин-вин решение е ние повторно да го менуваме Уставот, а другата страна да продолжи со нови барања? Дали во ова нивно вин-вин решение, има писмени гаранции дека ова е последното барање на Бугарија? Дали оваа резолуција на СДС и Филипче е во интерес на македонските граѓани или само задоволување на бугарските барања“, прашуваат од владејачката партија.

Според нив, СДС и Филипче треба да се засрамат.

„Откако нивниот најголем успех во делот на влез на Македонија во ЕУ, беше селфи во авион, треба да се тргнат настрана и да ја остават работата на оние кои и мислат добро на државата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ“.