[ВИДЕО] Запален автомобилот на Ѓорги Галетеновски, претседателот на СДСМ Скопје и екс директор на ЗОО

A1ON.MK

09/09/2025

10:38

1.561

Големина на фонт

а а а

Ноќеска, околу 3 часот по полноќ, целосно изгоре автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина.

Возилото било паркирано пред зградата во која живее во општина Кисела Вода. Граѓани слушнале детонации од пукнати гуми, а противпожарна екипа брзо интервенирала и го изгаснала огнот. Галетановски го потврди настанот.

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: Зафатени биле уште две возила

Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓорѓи Галетановски од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

Реагираше СДСМ

– СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат, се вели во соопштението од партијата.

Да,возилото мое е изгорено целосно

Ниту сум скаран со некој, ниту некој ми се заканувал. Секоја чест на пожарникарите,...

Posted by Gjorgi Galetanovski on Tuesday, September 9, 2025