Со силно темпо и динамика, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија, за пофункционален и поврзан град, наведува на социјалната мрежа „Фејсбук“, кандидатот за градоначалник на градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
– И денес, недела, на терен со дел од мојот тим. Направивме увид на уште неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот во град Скопје. Довршување и пуштање во употреба на клучката кај Момин Поток. Кружен тек на улица „Бутелска“. Нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Бутел. Летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот. Изградба на прва фаза на булевар „Хрватска“, пишува во објавата.
Со силно темпо и динамика, како што се додава, „како никогаш досега ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија“.
– Решенија кои ќе ја олеснат секојдневната циркулација, ќе го направат градот пофункционален, поврзан и жив. Ќе изградиме нови парковски содржини и зеленило, за чист и убав град. Културата на едно високо ниво, токму онака како што доликува на една европска метропола. Следуваат уште многу други проекти кои ќе бидат промовирани, а ќе бидат за доброто на нашиот народ, нагласува Ѓорѓиевски во објавата.
Тој додава дека ќе бидат понуден решенија за Скопје, кое ќе функционира, а не, празна реторика.
– Скопје добива нов лик, наскоро. Скопје станува град каков што скопјани навистина заслужуваат, потенцира кандидатот за градоначалник на главниот град во државава од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.