Безбедносните камери на бензинска пумпа во Фагет, која се наоѓа на околу еден час оддалеченост од Темишвар, снимиле пијан маж како запалува црево за точење гориво, со што создава импровизиран пламенофрлач, а потоа го насочува кон работниците на пумпата и го „пушта“ огнот.
Неговите постапки предизвикале пожар кој можел да има многу посериозни последици. Работниците на пумпата го изгаснале пожарот со противпожарен апарат.
За време на инцидентот, мажот фрлил запалено гориво кон еден од вработените, предизвикувајќи му изгореници. По нападот, осомничениот го напуштил местото на настанот и се скрил во блиската зграда.
IMAGINI ȘOCANTE Un bărbat a incendiat o pompă de alimentare a unei benzinării din Făget, Timiș https://t.co/nBadmV6Uf4 pic.twitter.com/SPcydGwQ9s
— TVR Info (@StirileTVR) September 6, 2025
Ја скршил влезната врата и се забарикадирал на третиот кат, каде што го пронашла полицијата. Лицето е приведено и му е одреден притвор од 30 дена.
Против него е покрената кривична постапка за палење, уништување со палење, уништување на имот, предизвикување телесни повреди и други форми на насилство и нарушување на јавниот ред.
Канцеларијата на окружниот суд ја прошири истрагата за да вклучи и обид за тешко убиство.