[ФОТО] Поранешната мисица сè уште е без конкуренција: „Демонстрираше сила“ на црвениот килим

Точка

03/09/2025

21:41

1.252

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Ева Херцигова се прошета по црвениот килим на Венецијанскиот филмски фестивал и повторно ги потсети сите на златното доба кога беше неприкосновена владетелка на модните писти.

Таа нè воодушеви и на Модната недела во Милано, кога целиот свет имаше чест повторно да ја види познатата убавица на пистата. Овој пат, таа ја „демонстрираше силата“ на црвениот килим.


За појавување на толку гламурозен настан како што е Фестивалот во Венеција, Ева избра уникатен фустан и ги покажа своите модни вештини.


Кога сакате да бидете класични, елегантни и сите да ве забележат, ќе изберете црн фустан, исто како Ева.

Таа позираше во долга црна креација со везени цветни мотиви на градите, а сето тоа изгледаше совршено склопено и нималку кичесто.


Што се однесува пак до накитот, Ева се одлучи за ефектни обетки и прстени, а посебен акцент стави на фризурата.


Таа го прошета познатиот ефект на влажна коса и покажа дека дефинитивно сè уште нема конкуренција.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk