За време на палеонтолошко ископување во местото Мериде на југот од Швајцарија, истражувачите од Природонаучниот музеј во Тичино за прв пат откриле фосилни остатоци од воден влекач од родот лариосаурус.
Откривањето на овој фосил со зачувана кожа нуди нови информации за анатомијата на животното, вклучително и неговото пливачко однесување, пренесе „swissinfo.ch“.
Профилот на телото на ова животно долго приближно 60 сантиметри укажува на високо развиена мускулатура на предните нозе и предниот дел од градите, наведуваат палеонтолозите во текст објавен во стручно списание.
Interesting marine reptile from the dinosaur period found in Ticino (Switzerland) by researcherd and in collaboration with the museo dei fossili del Monte San Giorgiohttps://t.co/3VsRUeqz4A
— Urs Karrer, Ph.D. (@urs_karrer) September 2, 2025
Лариосаурусот имал стил на пливање сличен на оној на денешните морски лавови и, покрај тоа, крлушки кои се зачувани и препознатливи на некои делови од фосилот.
Раководството на Природонаучниот музеј во Тичино објави дека фосилот е откриен за време на палеонтолошко ископување спроведено во 2023 година покрај потокот Гаџоло во близина на Мериде, на локалитетот Монте Сан Џорџо, кое се наоѓа на листата на УНЕСКО, познато по своите морски фосили.
Археолозите потврдија дека лариосаурусот живеел во првиот период од мезозоикот, во средниот тријас пред околу 240 милиони години.