Десетгодишна Британка стана најмладата шахистка која победила велемајстор

Точка

16/08/2025

16:34

426

Големина на фонт

а а а

Десетгодишна Британка влезе во шаховската историја како најмладата жена што некогаш победила велемајстор.

Бодана Сиванандан, од северозападен Лондон, го победи 60-годишниот велемајстор Пит Велс во последното коло од Британското првенство во шах во 2025 година кое се одржа во Ливерпул во неделата.


Со само 10 години, пет месеци и три дена, Сиванандан го сруши рекордот што го држела Американката Кариса Јип, која победи велемајстор во 2019 година на 10 години, 11 месеци и 20 дена, според Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ).


Со оваа победа, Сиванандан ја заработи титулата женски меѓународен мајстор, еден ранг под ексклузивната титула женски велемајстор; највисоката титула во шахот е велемајстор, која ја имаат актуелниот светски шампион во шах Гукеш Домараи и светскиот број еден Магнус Карслен.


Нејзиниот татко изјави за Би-Би-Си во 2024 година дека „никој во семејството никогаш порано не бил успешен во шах“. Сиванандан откри дека почнала да игра шах за време на Ковид-19 пандемијата, кога имала пет години, откако еден од пријателите на нејзиниот татко ѝ дал играчки и книги, пренесе Си-ен-ен.

„Видов шаховска табла во една од торбите и ме заинтересираа фигурите. Сакав да ги користам фигурите како играчки. Наместо тоа, татко ми мѝ рече дека можам да играм игра, и така почнав“, изјави девојчето за Би-би-си.