„Политико“: Хакиран американскиот судски систем, компромитирани доверливи податоци

Макфакс

07/08/2025

10:27

120

Големина на фонт

а а а

Електронскиот систем за поднесување судски предмети на федералното судство на САД беше цел на голем кибер напад, за кој се сомнева дека довел до компромитирање на доверливи податоци во неколку федерални држави, пренесува „Политико од извори запознаени со инцидентот.

Нападот, кој досега не беше објавен, би можел да го загрози идентитетот на доверливи сведоци и соработници во кривични постапки пред неколку федерални судови, според истите извори, кои зборуваа под услов на анонимност, пишува медиумот.

Според нив, Канцеларијата за управување со судовите на САД (AOUSC) прво го утврди обемот на безбедносниот инцидент на почетокот на јули, но сè уште се обидува да го утврди целосниот обем на штетата во соработка со Министерството за правда и локалните судови.