[ВИДЕО] „Alfa Romeo 33 Stradale“ забележан во Монако: Сопственикот на моделот од 3.000.000 евра е познатиот Финец

Точка

05/08/2025

14:37

1.777

Големина на фонт

а а а

На улиците на Монако речиси ништо не е необично, па дури ни појавувањето на сосема новата „Alfa Romeo 33 Stradale“.

Оваа престижна дестинација, позната како дом на познати личности и спортисти, е место каде едноставно мора да бидете – барем ако сте познати и имате нешто посебно да покажете.

Тоа совршено го докажува и едно познато име од Формула 1 - Валтери Ботас, иако моментално не е на врвот на тркачките резултати, приватно очигледно ужива во плодовите на својата кариера, пишува „Index“.

Овој фински возач, кој во Формула 1 остварил вкупно десет победи, стана сопственик на еден од најексклузивните и веќе сега колекционерски модели.

Станува збор за новата „Alfa Romeo 33 Stradale“, модел што го оживеа легендарниот автомобил од 1967 година.

Новата верзија комбинира „V6 twin-turbo“ мотор со електричен погон и располага со вкупно 750 коњски сили. Ботас сега вози автомобил што забрзува до 100 км/ч за само 3 секунди и постигнува максимална брзина од 333 км/ч.

Само за 33 избрани

Ботас е дел од елитната група наречена „Club 33“, што симболично го означува и бројот на произведени примероци – само 33 автомобили.

Финецот, кој моментално има статус на резервен возач во тимот на „Mercedes-Benz“, лично учествувал во развојот на возилото – го тестирал прототипот „00“ на патеката „Balocco“ и давал повратни информации на инженерите на „Alfa Romeo“.

Поради тоа, сосема логично, благодарение на своите врски и придонес во проектот, добил можност да стане сопственик на овој ексклузивен модел.

Неговата почетна цена изнесувала над 800.000 евра, но веќе сега на некои огласи може да се види како се нуди и за 3 милиони евра.

Во секој случај – одлична зделка за Валтери Ботас.