Петрушевски: Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски

Макфакс

01/08/2025

12:30

137

Големина на фонт

а а а

Услугата што ниту еден од СДС не е осуден за висока корупција, Филипче ја враќа со сламка за спас за главниот обвинител Коцевски.

Фактот што ниту еден функционер од СДС, кои држеа високи државни позиции, и за кои постојат сериозни индиции, но и докази за големи криминали не е во затвор, говори каква е врската на СДС со главниот обвинител Љупчо Коцевски, и зошто тие во Собрание се бореа да му дадат сламка за спас, преку не гласање на интерпелацијата за него, истакнува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ, додава тој, го штитат главниот обвинител Љупчо Коцевски, за тој да ги штити криминалите на Филипче, Заев и Али.

„На милиони украдени од ЕСМ и РЕК, на стотици тендери во здравството, нема ниту еден случај на одговорност. Очигледно е сега, дека нема затоа што тие случаи водат до врвот на СДС.

СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и покажа кој го постави, кој стои и кој го одржува во живот главниот обвинител Коцевски.

Се додека е Љупчо Коцевски главен обвинител, се до тогаш нема да има одговорност за криминалците од СДС и ДУИ, зошто тие се штитат меѓусебно“.

Љупчо Коцевски, вели Петрушевски, треба да има грам морал, и да ја прифати пораката од граѓаните и да си поднесе оставка. Со секој поминат ден, како што оценува, неговиот рејтинг не само што се намалува, туку го пробива дното.