Душан Влаховиќ доби дозвола од Јувентус да го напушти клубот.
Според договорот со генералниот директор на клубот од Торино, Дамиен Комоли, Влаховиќ може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда.
„Се договоривме со Душан дека може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда“, рече Комоли.
„Сè уште не сме добиле понуда за него што би можеле да ја прифатиме.“
За заминувањето на Влаховиќ од Јувентус се зборува веќе долго време. Српскиот фудбалер не сакаше да го продолжи договорот со тимот, за да може да го напушти клубот од Торино во летниот преоден рок.
Влаховиќ целосно го загуби статусот во првиот тим на Јувентус во вториот дел од сезоната.
Српскиот фудбалер е во Јувентус од 2022 година и досега има собрано 136 натпревари во кои постигнал 55 гола.