Седмо летно засилување во најава: Конте пикирал лев бек од Ла Лига

Дерби

31/07/2025

14:58

802

Големина на фонт

а а а

Наполи доведе шест звучни засилувања во краток временски интервал и почна да ги исполнува сите желби на тренерот Антонио Конте, па во низата која изгледа се помимпресивно, набрзо би требало да се приклучи и поранешен член на Реал Мадрид.

Како што информираат угледните шпански медиуми „Марка“ и „АС“, италијанскиот првак е многу блиску до потпис со Мигуел Гутиерез, фантастичниот лев бек кој посебно импресионираше во историската сезона која ја имаше Џирона со пласман во Лигата на шампиони.

Гутиерез е подготвен за нов важен чекор во кариерата на 24-годишна возраст, а повикот кој го добил од Антонио Конте до толку го импресионирал, што побарал од водечките луѓе на Џирона да ја забрзаат операцијата.

Дефанзивецот се проценува на вредност од 20 милиони евра, сума која не треба да претставува никаков проблем за италијанскиот првак кој во своите редови веќе ги доведе Де Брујне, Маријанучи, Ланг, Беукема, Лука и Милинковиќ-Савиќ.

Очекувањата се оваа операција да биде забрзана во наредните неколку дена, бидејќи покрај самиот фудбалер, зелено светло за трансфер даваат и оперативците на Џирона.

Гутиерез три години ги брани боите на каталонскиот тим, а претходно настапуваше за Реал и инаку е продукт на младинската школа на „кралевите“.