Црното теренско возило, кое новинарите веќе го нарекоа „Golf Force One“, всушност е „Polaris Ranger XP 1000“.
Голфот за многумина е забава, но кога станува збор за Доналд Трамп, тоа е негов заштитен знак. За време на викендот, американскиот претседател отпатува во Шкотска за да склучи некои деловни договори и – секако – да одигра неколку партии голф во своето одморалиште „Trump Turnberry“.
Како што се очекуваше, познатата слика на американскиот претседател на голф-теренот привлече внимание, но уште поголем интерес кај јавноста предизвика нешто необично – блиндирано голф-возило забележано во неговата придружба.
Црното теренско возило, кое некои новинари веќе го нарекоа „Golf Force One“, всушност е „Polaris Ranger XP 1000“ во верзија со четири врати. Целосно е затемнето и има сите визуелни показатели дека е блиндирано, што го прави идеално за возењата на Трамп по голф-теренот.
Интересно, Трамп всушност не го користел блиндираниот „Polaris“ за тие 18 дупки, туку избрал традиционално, отворено голф-возило.
Според порталот „The War Zone“, можно е возилото да е таму исклучиво за употреба во итни случаи – за евакуација во случај на непосредна закана додека претседателот е на теренот.
Ова специјализирано возило беше воведено помалку од една година по вториот обид за атентат врз Доналд Трамп, на „Trump International Golf Club“ во Вест Палм Бич, Флорида.
Трамп не беше повреден, но инцидентот најверојатно го забрза воведувањето на дополнителни безбедносни мерки – вклучувајќи го и ова возило.
Официјалните спецификации се ограничени. Сепак, на веб-страницата на американската Управа за општи услуги („GSA“) се наведува дека постои блиндиран „Polaris“ многу сличен на овој, со цена од 188.922 долари.
Тоа вклучува и пакет за надградба што го испорачува компанијата „Scaletta Moloney Armoring Corp“.
Во разговор за „Business Insider“, портпарол на Тајната служба потврди дека овој специјален „Polaris“ е дел од претседателската флота.
Trump's new armour-plated buggy dubbed Golf Force One after Scottish protests https://t.co/kUl4Jw6pr3 pic.twitter.com/RlANuwj9aP
— Daily Star (@dailystar) July 27, 2025
„Тајната служба користи различни алатки и ресурси за да ги заштити функционерите“, изјави портпаролот.
„Ова возило е дел од нашата претседателска флота на специјални возила. Поради зачувување на оперативната безбедност, Тајната служба не открива конкретни методи и средства што ги користи за време на своите заштитни активности.“