Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме

Макфакс

31/07/2025

08:16

490

Големина на фонт

а а а

Времето денеска, променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.


Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.


Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица