[ВИДЕО] Македонец херој спречи терористички напад: Скопјанецот Зоран совладал патник што се заканувал со бомба на лет во Велика Британија

Точка

28/07/2025

16:43

3.595

Големина на фонт

а а а

Македонецот Зоран Настески е вистински херој во Британија. Тој совладал патник кој се заканувал со бомба во авион на лет од Лондон до Глазгов.

Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија го соборил на земја патникот кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Алаху акбар“ и го држел до слетување, каде што го привела шкотската полиција.

Случајот сега го истражува шкотската единица за борба против тероризам, а потегот на Настески е оценет како клучен за спречување на паника и потенцијално поголема опасност.

По настанот, напаѓачот бил врзан со лисици и извлечен од авионот од шест полицајци, додека преплашените патници останале во солзи.

На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп … тој е во Шкотска“.

За неколку недели, по десет години работа во Англија, Зоран Настески кој по татко е Македонец, а по мајка Србин ќе се сели во Србија со партнерката.