Арина Сабаленка доживеа ново разочарување на грен слем турнирите оваа сезона, но тоа не ја онерасположи најдобрата светска тенисерка од намерата да промовира еден нов и интересен концепт, според кој на фановите им доловува како изгледаат најголемите дуели од една поинаква перспектива.
Белорусинката ги отвори вратите од својот привремен дом во Лондон и откри каде била сместена за време на Вимблдон, па при снимањето на интересниот влог, ја споделува и блискоста која ја има со Новак Ѓоковиќ.
Сабаленка и Новак имаа одличен колегијален однос и често се предизвикуваат за време на големите турнири, но сега имале и симпатичен облог за време на еден заеднички тренинг.
Видеото на Арина открива дека таа го загубила облогот при предизвикот за погодување конзерва при размената со Србинот, а поради тоа, на крајот морала да го чести „Асаи појадок“.
Првиот влог на Сабаленка дефинитивно привлече огромно внимание, па за неполни 24 часа доби повеќе од 100 илјади прегледи.