Мануел Нојер остро го нападна Џанлуиџи Донарума за тешката повреда на Џамал Мусиала и порача дека Италијанецот непотребно се фрлил врз младиот фудбалер во ситуација која не беше опасна за ПСЖ, а поради тоа што изјавата на капитенот на Баерн инциираше уште посилни напади за италијанскиот чувар на мрежата, со свој став во јавноста се јави и Тибо Куртоа.
Голманот на Реал Мадрид со чудесна интервенција спасуваше и не дозволи израмнување на Борусија во самата завршница, па бидејќи Белгиецот беше приморан да се соочува и со германски новинари по крајот на мечот, неговата изјава брзо стана доста споделувана во оваа земја.
Куртоа реши да застане во одбрана на неговиот колега од ПСЖ, порачувајќи дека станувало збор само за лоша среќа која заврши со непријатна скршеница на теренот.
This is bizarre, look at Musiala's foot
— MONTEIRÃO (@33monteirao) July 5, 2025
And the referee didnt give a fuck about it pic.twitter.com/ahzJO4rYbL
– Мислам дека е претерано да се обвинува Донарума за повредата на Мусиала. Голманите секогаш одат на топката во такви ситуации.
– Напаѓачите исто така не сопираат кога одат кон нас, ова беше само лоша среќа. Јасно ми е дека Нојер е повреден и лут поради тоа што станува збор за играч од неговиот тим, но Донарума не е виновен за инцидентот, – изјави Куртоа.