[ФОТО] Донарума кратко му се обрати на Мусиала по хорор сцената во Атланта

Дерби

06/07/2025

13:15

863

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Донарума доби серија напади од Германија за невнимателниот старт во дуелот со Џамал Мусиала, фудбалер кој предвреме го заврши четвртфиналето на Светското клупско првенство и пред кој сега е долга пауза од терените.

Младата ѕвезда на Баерн заработи фрактура на зглобот и сигурно ќе биде во аут со месеци, па иако добар дел од вината му се препишува на италијанскиот чувар на мрежата, мора да се нагласи дека Донарума немаше никаква намера да направи штета во дадената ситуација.

Самиот Џиџио не можеше да гледа во каква состојба е ногата на ривалот и си го криеше лицето од шок, па наместо да ја слави победата, по крајот на мечот испрати само кратка порака до младата германска ѕвезда.


– Сите моли молитви и желби за добро се со тебе Џамал Мусиала, – му порача голманот на ПСЖ на фудбалерот на Баерн.

Како што информираат најугледните германски новинари, Џамал има фрактура на фибулата на левата нога и ќе биде итно опериран по враќањето во Минхен, по што ќе го чека пауза од четири до пет месеци.