Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повика Европската Унија што е можно поскоро да постигне договор со Соединетите Американски Држави за решение на трговскиот спор поврзан со царинските давачки, предупредувајќи дека остануваат само неколку дена за постигнување договор.
Зборувајќи на банкарски состанок во Берлин, Мерц истакна дека неуспехот да се реши спорот може да ги загрози клучните сектори на европската економија, вклучувајќи ја автомобилската индустрија, челичарниците и фармацевтските компании, објави Ројтерс.
„Европа мора сериозно да се соочи со можноста САД да ја омекне својата посветеност на трансатлантската соработка.
Постојат оправдани сомнежи дали ќе продолжиме да споделуваме заеднички интереси на долг рок“, рече Мерц, пренесува Танјуг.