Додека Интер се подготвуваше за осминафиналето против Флуминенсе, една од главните вести во Италија беше онаа за Хакан Чалханоглу, фудбалер кој по секоја цена сака да биде ослободен од Интер и да направи трансфер во клуб кој ќе му овозможи враќње во родната земја.
Играчот за врска смета дека неговата етапа во Интер е завршена и прави максимални напори за да заврши во Галатасарај, но таквиот однос го налути Лаутаро Мартинез до тој степен, што капитенот испрати жестока порака по поразот од бразилскиот состав.
Аргентинецот му порача на Хакан да си замине што е можно побрзо во ситуација кога не сака да биде дел од Интер, а иако Бепе Марота се обиде да ја смири топката, потврди дека Лаутаро со својата изјава јавно го прозвал Чалханоглу.
– Зборовите на Лаутаро се зборови на повреден капитен. Тој подвлече една голема вистина. Играч кој не сака да биде тука, најдобро е да си оди што побрзо.
– До овој момент, никој не побарал лично од мене да си замине од Интер. Претпоставувам дека Лаутаро мислеше на Чалханоглу, па во многу брзо време ќе имаме разговори со него и ќе се обидеме да ја решиме ситуација на најбезболен можен начин, – најави главниот оперативец и претседател на Интер.