Лаутаро со брутална порака до Чалханоглу: Оди си што побрзо!

Дерби

01/07/2025

11:27

244

Големина на фонт

а а а

Хакан Чалханоглу се обидува да издејствува трансфер во Галатасарај и користи секакви методи за да успее во тавката намера, но ваквиот однос дефинитивно му донесе непријатна ситуација во период кога најверојатно ги брои последните денови во Интер.

Италијанскиот вицешампион вчера доживеа шокантна елиминација од Флуминенсе на Светското клупско првенство и се одјави уште во осминафиналето, по што Лаутаро Мартинез како капитен на Интер реши да зборува отворено и без влакна на јазикот.

– Нема да издвојувам имиња, но знаете за кого мислам. Тука сме да дадеме се што имаме, а јас на овој турнир видов работи кои не ми се допаднаа. Јас сум капитен на тимот, лидер на оваа група и морам да зборувам отворено и гласно.

– Пораката која ја пренесуваме е јасна: Тие што сакаат да останат во Интер да се борат за големи нешта, треба да продолжат напорно да раобтат. Оние кои не сакаат, слободно нека си одат.

– Тренерот не притискаше дури и во натпревар кога не ни одеше добро. Тука ќе игра само оној кој сака да го носи дресот на Интер, секој што не мисли така треба да си оди побрзо што може, – изјави Лаутаро без влакна на јазикот.