Манчестер Сити влезе како голем фаворит во пресметката со Ал Хилал и се издвои како тим кој може да оди до крајот на Светското клупско првенство, но така не размислуваа Симоне Инѕаги и неговите нови избраници во новиот клуб.
Италијанскиот стручњак дочека слатка одмазда и му се реваншираше на Пеп Гвардиола за поразот во финалето во Лигата на шампиони пред две години, такашто овојпат успеа да слави во неверојатен фудбалски трилер кој ги воодушеви неутралните фанови.
Сити имаше повеќе од играта и беше поконкретен тим во текот на сите 120 минути, но Ал Хилал подобри ги користеше своите шанси и на крајот славеше со 3:4.
Англискиот тим поведе со голот на Бернардо Силва од непосредна близина, меѓутоа Ал Хилал брзо стави до знаење дека нема да биде лесен противник, па со два гола на Леонардо и Малком на стартот на вториот дел направи пресврт.
Ерлинг Халанд во продолжение реализираше во свој стил и се погрижи за израмнување, по што мечот влезе во фаза во која Ал Хилал се бранеше, а Сити се обидуваше да го реши победникот во регуларниот дел.
Тимот на Инѕаги се одбрани и се избори за продолженија, а во дополнителните 30 минути имаше повеќе нерви и знаење пред противничкиот гол. Кулибали погоди со глава во 94-та минута, Сити одново возврати по маестралната асистенција на Шерки до Фоден, но конечниот удар го зададе Леонардо со својот втор гол во 112-та минута.