Во "OpenAI" лути на Закерберг: Како некој да им провалил дома и им ја украл сопственоста

Точка

30/06/2025

17:29

377

Големина на фонт

а а а

Од "OpenAI" се обидуваат да најдат решение за ситуацијата со Марк Закерберг, кој на нивните вработени им нуди огромни компензации за да преминат во „Мета“.

Вештачката интелигенција стана приоритет за речиси сите големи и мали технолошки компании. Денес е речиси незамисливо водење бизнис без вештачка интелигенција, а за некои луѓе дури и секојдневниот живот е незамислив без "chatbot"-ови. Колку е важна оваа технологија, најдобро покажува примерот со "OpenAI" — пионерот на генеративната вештачка интелигенција. Почетокот на 2021 година вредноста на компанијата беше проценета на околу 14 милијарди долари, додека денес, по неколку години од појавата на "ChatGPT", таа изнесува околу 300 милијарди долари. Уште поекстремен пример е "Nvidia" — компанијата чиј хардвер се користи за тренирање и развој на овие технологии.

"Nvidia" денес е највредната компанија по пазарна вредност во светот, која се приближува до неверојатни 4 билиони долари.

За развој на оваа технологија, исто како и во секоја друга индустрија, клучни се луѓето — експерти со длабоко знаење, способност и искуство.

Токму тоа го сфаќа и Марк Закерберг, кој има големи амбиции со вештачката интелигенција, а уште поважно, има многу пари за да ги привлече најдобрите експерти кои би му се приклучиле на „Мета“ и помогнале во развојот на нивниот "AI". Веќе се знае дека неколку врвни експерти преминаа од "OpenAI" во „Мета“, а Закерберг вложи речиси 15 милијарди долари во компанијата "Scale AI", со што го „привлече“ и нејзиниот извршен директор Александер Ванг во својот тим.


Закерберг нуди астрономски суми

Сем Алтман дури спомена дека шефот на Мета нуди и до 100 милиони долари само за потпишување договор, што од „Мета“ го демантираа, но факт е дека се многу великодушни и на најголемите таленти им нудат исклучителни компензации. Се разбира, сето тоа се гледа како инвестиција која ќе се исплати во иднина.

Таквиот агресивен пристап кон привлекување нови вработени не им се допаѓа на Сам Алтман и тимот од "OpenAI". Тие дури ги повикале своите луѓе да ги одбијат сите понуди од "Мета". Главниот истражувач Марк Чен тоа дури го спореди со „провала во куќата на "OpenAI" и кражба на нивниот имот“. Компанијата објавила и насоки како да реагираат кога "Мета" ќе се обиде да регрутира некој нивен вработен — еден од советите бил да им се каже да се повлечат и да не вршат притисок.


"OpenAI" сега се обидува да ги задржи луѓето

Она што е уште поинтересно за вработените е што Чен, во интерен меморандум, изјавил дека разговараат со менаџментот како да ги наградат оние што добиле понуди од Закерберг. Наместо навреме да понудат подобри плати, услови и бонуси, тие реагираат дури кога ќе се појави конкуренцијата.

Чен најавил и дека "OpenAI" планира да ги прилагоди компензациите за своите вработени, а како примарна цел го истакнал – задржувањето на најдобрите луѓе.