Врховниот суд пред одлука: Дали ќе има правда за Невена Спасеска

A1ON.MK

12/06/2025

11:44

1.626

Големина на фонт

а а а

Врховниот суд во периодот што следи треба да донесе одлука дали во судскиот случај во кој старателството на четиригодишното дете е доделено на таткото во Охрид, без да се наведе никаков аргумент против мајката, ќе внесе малку правда во животот на Невена Спасеска.

По спорните одлуки на судовите од Охрид и Скопје, како и по целосно пристрасната постапка, мајката на четиригодишното дете најмалку што заслужува е да биде со своето дете, кои и е одземено без да се наведе ниту еден аргумент против неа. Така било модерно во Европа, поточно „стеоротипите за природната улога на мајката биле општествено надминати“, напиша судијката Жаклина Доведен во извршната пресуда, иако на сите им е познато што е „модерното“ и „општествено ненадминато“ и во овој случај.

Затоа и продолжува теророт врз мајката. Освен судската голгота, по правосилната пресуда, врз неа се врши силен притисок и закани од поединци во институции кои се возат со таткото да го предаде детето, без Центарот за социјална работа од Скопје да и даде решение кога ќе може да го гледа дететото. Тие сакаат да го земат детето со решение кое веќе не е во сила по правосилната пресуда, а со него досега беа регулирани средбите на таткото и детето. Уверуваат дека тоа решение е валидно за таткото, истото не важи и за неа. Ако го предаде детето, нема да може да го гледа затоа што не и се издава решение кое ќе ги регулира средбите со нејзиното четиригодишно дете.


„ЈУ МЦСР на Град Скопје како орган за старателство кој треба да ги заштити децата и по неколку барања од страна на мајката Невена Спасеска од Скопје не донесе Решение со кое би се регулирал односот на мајката со нејзинотот малолетно дете. Напротив, конкретната постапка ја прекина.Таквото непостапување од страна на ЈУ МЦСР го користи таткото кој иако има покренато постапка за извршување на одлуката со која му е е доделено детето пред Основен Граѓански Суд постојано врши притисок врз мајката преку пријави во Министерство за внатрешни работи кој како орган најажурно ги работи и ,,експедитивно” превзема дејствија против мајката Невена Спасеска, а ЈУ МЦСР своето непостапување го ,,прикрива” и со поднесување постапки против мајката, вели за А1он, адвокатката Аница Цветановска.

„Основно Јавно Обвинителство по сите пријави на таткото дава насоки да се преземаат дејствија против мајката иако е неспорно дека Решението за видувања со таткото е вон сила имајќи ги во предвид променетите околности со правосилната и извршна одлука донесена од Основен Граѓански суд. Секојдневните притисоци од таткото кон мајката Невена Спасеска продолжуваат иако се покренати постапки пред надлежен суд од страна на таткото заради остварување на својата цел ,а тоа е одземање на детето од мајката. Единствената надеж за мајката да се земе во предвид нејзината личност,нејзиниот родителски капацитет,поврзаноста на детето со оглед на возраста и потребата од неа како мајка во моментов е во одлуката на Врховниот Суд на РСМ бидејќи смета дека како највисок суд во државата ќе ги има во предвиид сите докази во постапката и ќе донесе правична и законита одлука, изјави адвокатката Аница Цветановска.


Судот во Охрид, а потоа и во Битола пресудија детето да се даде на таткото од Охрид, со апсурдни образложенија дека е „подобро да биде со него зошто има пари, дека детето треба да е кај таткото зошто имаат ист пол, до тоа дека помалите места се подобри за одгледување дете“. Ова беа единствените аргументи за одлуката, поткрепени од Центарот за социјална работа во Охрид поради што директорот беше подоцна разрешен. Судиите кои се потпишаа на ваквите пресуди се Ефтим Попевски од Охрид и Жаклина Доведен од Битола.

„Поставувам прашање до истите судии и до тој родител како може, дали се свесни при ваква одлука, при вакво донесување, при ваков став, колку можат да предизвикаат страв кај едно дете кое е само на четиригодишна возраст и кое е навистина многу поврзано со мене како мајка уште од самиот почеток, познавајќи се себеси и познавајќи го моето дете што може да му се предизвика и каква траума може да се придонесе, изјави мајката Невена Спасеска за А1он пред еден месец.