„Волшебниот“ напиток на Мерилин Монро – секое утро го започнувала со него

Кармин

10/06/2025

11:44

903

Големина на фонт

а а а

„Се сомневам дека било кој лекар би можел да препорача хранлив појадок за вработена девојка како мене“, зборувала Мерилин Монро.

Иако била позната по својот изглед и актерски вештини, можеби не сте знаеле дека Мерилин Монро уживала во готвењето.

Меѓутоа, поради бројни обврски немала време за подготовка на сложени рецепти, па преживувала со брзи и лесни оброци со високо ниво на протеини кои ѝ ја давале неопходната енергија.


Така, таа секое утро појадувала топло млеко со сирови јајца. Во статија за нејзините навики во исхраната и режимот на вежбање, објавена во „Pageant“ во 1952, најславната русокоса во Холивуд открила дека секое утро пред туширање загревала млеко на рингла која ја чувала во својата соба.

„Кога млекото ќе биде топло, кршам две јајца, ги матам со виљушка и ги ставам во млекото, пијам додека се облекувам“, рекла таа.

Исто така додала дека консумирала и мултивитаминска таблета.

Монро никогаш не спомнала што ручала, па се претпоставува дека тоа бил оброкот којшто го прескокнувала. Но, за вечера јадела месо, од кое најмногу сакала јагнешко и џигер.


„Печам месо во електрична рерна и го јадам со неколку свежи моркови“, објаснила таа.

Инаку, многумина избегнуваат да јадат сирови јајца поради бактеријата салмонела, но мешавината на сирови јајца и протеински шејкови со години ја консумираат бодибилдерите. Зошто? Веруваат дека на тој начин ги јакнат мускулите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk