Вработени во „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево

Макфакс

06/06/2025

13:25

1.078

Големина на фонт

а а а

Вработени во ЈП „Комуналец“ фрлале отпад на дива депонија во Кичево. Случајот го пријавиле граѓани.

Полициски службеници, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, на разговор повикаа девет лицата  вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево.



Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“.
Известен е надлежен обвинител по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.