Реал тера бизнис, ќе го врати Паз за осум, а го продава за 30 милиони евра

Макфакс

04/06/2025

15:14

787

Големина на фонт

а а а

Челниците на Баер Леверкузен се помирија со фактот дека најдобриот играч, Флоријан Вирц ќе го напушти клубот. Прашање на денот е кога Баер ќе го договори трансферот на Вирц во Ливерпул. Во Леверкузен се сигурни дека најдоа играч кој ќе го замени Вирц.

Додека работат на трансферот на Вирц, челниците на Баер водат и операција за трансфер на Нико Паз (20). Младиот Аргентинец воодушеви сезонава во Серија А, во дресот на Комо.

Паз се пресели од Реал во Комо минатата година за шест милиони евра, но во тој договор Реал го задржа правото на да го врати фудбалерот за осум милиони евра. Перез наводно планира да ја активира таа клаузула и да го врати во клубот.

Реал ќе му плати на Комо осом милиони евра, но не планира да го задржи Паз. Намерата им е да го продадат во Леверкузен за 30 милиони.

Челниците Баер ги започнале преговорите и подговтвени се да ја платата бараната сума.

Младиот играч од средниот ред се истакна минатата сезона под водство на Сеск Фабрегас во Комо, забележа шест гола и девет асистенции во 35 настапи.