Тибодо дебело го наплати отказот

Макфакс

04/06/2025

14:18

584

Големина на фонт

а а а

Њујорк Никс го отпуштија тренерот Том Тибодо, една година откако го продолжија договорот. Одлуката да му врачат отказ на тренерот, Никс ќе ги чини многу пари.

Њујорк Никс се одлучија на овој потег откако беа елиминирани од Индијана Пејсерс во финалето на Источната конференција.

Тибодо ги предводеше Никс до нивното прво финале на Истокот од 2000 година. Тој ја заврши сезоната со 51 победа и 31 пораз и го обезбеди третото место пред плејофот на НБА.

Никс се обврзани да му платат на Тибодо 30 милиони долари кои му ги гарантира новиот три годишен договор.

На патот до финалето на Истокот, Никс го победија Пистонс (4:2) и Бостон Селтикс (4:2), а со истиот резултат беа поразени Индијана.