УЕФА ќе и одземе бодови на Барселона?

Макфакс

04/06/2025

08:58

594

Големина на фонт

а а а

Британски „Тајмс“, пишува дека Барселона повторно го прекршува финансискиот фер-плеј. За потсетување во 2022 година, УЕФА го казни шпанскиот гигант со половина милион евра за погрешно пријавување на приходи кога клубот продал процент од заработката од ТВ права во два наврати. Клубот ги претставил тие операции како профит, наместо како загуба на нематеријални средства.

Сега, пишува „Тајмс“, казната на УЕФА може да биде многу построга бидејќи Барселона е поновила прекршокот, а во претходниот извештај за казната беше најавено дека секој следен прекршок ќе биде санкциониран сè построго.

Барселона го прекрши финансискиот фер-плеј и минатата година, па целата сезона имаше проблеми со регистрацијата на играчи.

„Тајмс“ не прецизира за каков прекршок на правилата станува збор, но УЕФА започна истрага. Во случај Барселона повторно да биде прогласена за виновна, правилникот пропишува три можни казни.

УЕФА може да го намали бројот на играчи што може да ги регистрира за европските натпреварувања, може да изрече повисока парична казна или да и одземе поени на Барселона во лигашката фаза од Лигата на шампионите.

Барселона претходно поднесе жалба на одлуките на УЕФА кога го прекрши финансискиот фер-плеј, но ги загуби сите тие спортови. Уште два клуба се под истрага. Зборуваме за Челзи и Астон Вила, но евентуалниот прекршок на англиските клубови е од поинаква природа бидејќи за нив тоа е први прекршоци.