„Кралевите“ имаат нов тренер: Реал го потврди ангажманот на Алонсо и откри детали од договорот

Дерби

25/05/2025

12:49

290

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид официјално го потврди името на новиот тренер, наследникот на Карло Анчелоти, а тоа е Чаби Алонсо.

Веќе некое време беше познато дека Анчелоти си заминува и ќе стане селектор на Бразил, но во исто време се знаеше и дека Алонсо ќе биде тој што ќе ја преземе функцијата и ќе седне на жешкото столче на „Бернабеу“.

Тоа денеска беше официјализирано од страна на клубот со тоа што промоцијата на Чаби ќе биде утре од 12:30 часот на свечена церемонија. Откриени беа и детали од договорот според кој Алонсо ќе почне со работа на 1 јуни, а ќе заврши на 30 јуни 2028 година.


Ова значи дека шпанската легенда има тригодишен договор во кој ќе се обиде да биде успешен и остави трага како што претходно тоа го направи како играч. Тој настапуваше за Реал во периодот од 2009 до 2014 година, период во кој освои шест титули.

Откако ја заврши играчката кариера, работеше како тренер во младинските категории на Реал Мадрид, потоа беше во Реал Сосиедад за да најголемите успеси ги доживее во Баер Леверкузен каде освои три трофеи, Бундеслигата, Купот и Супер Купот на Германија.