[ФОТО] Нова љубов на повидок? Џесика Алба забележана во прегратка на мистериозен маж

Точка

24/05/2025

15:27

1.869

Големина на фонт

а а а

Актерката Џесика Алба неодамна била фотографирана во прегратка на непознат маж додека била во Риџенс Парк во Лондон.

Имено, откако пред пет месеци се раздели од филмскиот продуцент Кеш Ворен, со кого беше во брак 17 години, Алба решила да „сврти нов лист“ во својот живот.


Како што може да се види на фотографиите кои беа објавени од британските медиуми, 44-годишната актерка носела црна јакна и панталони како и качкет. Мажот во нејзино друштво, исто така, носел црна облека со бел качкет.

Исто така, на фотографиите може да се види дека во еден момент таа го зграпчила непознатиот маж за рака одзади за да го повлече кон себе. Изворот кој ги проследил фотографиите до медиумите рекол дека изгледале „многу интимно“ и дека дури и се бакнале.

„Тие се прегрнуваа и се држеа за раце додека заедно шетаа низ паркот. Изнајмија лежалки, и седеа на нив, каде што се бакнаа. Изгледаше како нова врска“, рече изворот.

Потсетуваме веста за разводот на Алба (44) и Ворен (46) се прошири на почетокот од јануари, но според барањето за развод што го добија медиумите, тие официјално се разделиле уште на 27 декември минатата година.


Инаку двајцата се запознаа на снимањето на филмот „Фантастична четворка“ од 2004 година, каде Ворен работел како помошник на режисерот. Се венчаа на приватна церемонија во Беверли Хилс во мај 2008 година, непосредно пред да го добијат своето прво дете во јуни. Заедно ги имаат ќерките Онор (16), Хејвен (13) и синот Хејс (7).