[ФОТО] Без пантолони, а изгледа толку моќно: Ќерката на Мајкл Џексон со убавината и модниот избор ги засени сите

Точка

23/05/2025

13:15

807

Големина на фонт

а а а

Ќерката на славниот Мајкл Џексон, 27-годишната Парис Џексон, блесна на „amfAR“ гала вечерта во рамките на овогодишниот Кански фестивал, а со својот изглед и стил многумина остави без зборови.

Таа пристигна на престижната добротворна вечер во смел фустан кој ги истакна нејзините витки нозе благодарение на изрезите.



Креацијата е комбинација од материјали и различни дезени, и делува како да е направена од два дела. Првиот дел е бело боди, додека вториот дел е во беж боја, целосно транспарентен во долниот дел и со светки околу половината, а највпечатлив е кројот на рамената што создава впечаток на крилја и дава драматичен ефект на целата креација.


Поради проѕирниот долен дел фустанот потсетува на актуелниот тренд „no pants“ па така Џексон повторно успеа да го привлече вниманието на сите.



Атрактивната Парис имаше лежерна фризура и ненаметлива шминка во природни тонови која го истакна нејзиното убаво лице, а со оригиналната креација носеше беж сандали со високи потпетици.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk