Сиљановска-Давкова во посета на Ватикан на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Макфакс

23/05/2025

09:37

128

Големина на фонт

а а а

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италија и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

Денеска, Сиљановска-Давкова ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.

На 24 мај, сабота, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциск.

Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

На 26 мај, понеделник, во Апостолската палата, Сиљановска-Давкова ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

Во составот на македонската државно-црковна делегација којашто ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се предвидени Зоран Љутков, министер за култура и туризам; Елена Кузмановска-Биондиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија; Оливера Трајковска, директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи; митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископ Стобиски г. Јаков од МПЦ-ОА и протојереј ставрофор отец д-р Зоран Стојанов од Католичката црква.