Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека неуспехот да се постигне праведен мир кој го почитува територијалниот интегритет на Украина може да го поткопа меѓународното право и да предизвика хаос низ целиот свет.
„Во вакво време, исклучително е важно меѓународното право да преовладува“, рече Гутереш на конференцијата во Берлин, додавајќи: „Во спротивно, ја отвораме вратата за хаос низ целата планета“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус додаде дека нема индикации оти рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува за прекин на огнот, пренесе „Ројтерс“.