Прометот на големо, профитот на мало: Десет маркети со ќар од 30,8 милиони евра

Точка

14/05/2025

17:51

860

Големина на фонт

а а а

Над една милијарда евра потрошиле граѓаните минатата година за набавка на храна и други производи, пазарејќи во маркетите од десет синџири во земјава, што е 10,9 насто повеќе отколку преклани.

Според прометот, но и со оглед на цените, кои во одредени периоди драстично се зголемуваа, 2024 воопшто не беше лоша година за трговците. Но, во однос на рекордната 2023 г, изгледа скромно. Пред сѐ, од аспект на профитот. Можеби изгледа дека ова важи за Рипли, но од десет синџири на маркети, осум бележат пад на добивката. Нивниот заеднички профит изнесува 30,8 милион евра, што е 16,3 отсто помалку од чистата заработка во 2023 година, која изнесуваше 36,8 милиони евра.

Порталот Пари, користејќи ги податоците од Бизнис Мрежа, анализира што се случи со златната формула на успехот на трговците од малопродажбата и која е причината за новата реалност? Притоа, мора да се напомене дека во заднината на остварувањата се и револтот на граѓаните, двата бојкота и падот на куповната моќ. А, тоа, пак, ја натера Владата да пакува мерки во празнични кошници, при што посегна по ограничување на цените и на маржите кај одредени групи производи.

КАМ РАСТУРА СО ПРОДАЖБАТА

Цврста е водечката позиција на КАМ маркети со најголемите остварени приходи од 301,7 милиони евра. На второто место е Киппер маркет со 221,2 милиони евра, но оваа компанија е убедливо прва според годишниот раст на приходите од дури 26,2%.

Извор: Бизнис Мрежа

Останатите маркети заостануваат и со големината на приливите и со растот на продажбата. Стокомак е следен според износот на остварените приходи од 138,5 милиони евра, кои во однос на 2023 г. се зголемени за 10,8 насто. Блиску до него се Веропулос, со 114,7 милиони евра (раст од 11,8 насто), и Тинекс, со 103,4 милиони евра (раст од 5,2 насто).

За разлика од нив, помалите маркети бележат поголем раст на приходите. Грандпром-Зур успеал да го зголеми прометот за 19,5 насто, Кит-го за 14,7 насто, а Монтенегро за 14,4 насто. Најмало позитивно поместување, од 2,7 насто, има кај Миса од Струга.

ВЕРО СО ПРОФИТОТ

Сепак, зголемените приходи не им донесоа и поголеми профити на маркетите. Чистата добивка на најголемите трговски синџири во 2024 г. бележи пад во однос на 2023 г. Со исклучок на два маркета, осум се во минус. Кај четири од нив регистрираното намалување е двоцифрено. Монтенегро и Миса се единствените компании што го зголемиле профитот. Првата за дури 41,5 насто ‒ од 433.000 евра на 613.000 евра. Струшкиот маркет Миса има раст од 5,9 насто.

Извор: Бизнис Мрежа

Сите останати маркети се во негатива. Со минусот од високи 68,7 отсто предничи Рамстор Македонија. Добивката на овој синџир е стопена од прекланските 2,5 милиони евра на 781.000 евра годинава. Следен е Тинекс, со пад на профитот од 38,2 проценти, од 1,4 милиони евра во 2023 г. на 879.000 евра во 2024 г. Добивката на Стокомак е намалена за 35 отсто, од 4,1 милион евра во 2023 г. на 2,7 милиони евра во 2024 г.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.