На велосипедска патека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Макфакс

12/05/2025

13:12

396

Големина на фонт

а а а

Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Сандански се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот