[ВИДЕО] Меси постигна гол, но го доживеа и најубедливиот пораз откако е во МЛС

Дерби

11/05/2025

11:12

905

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами не можеше да и парира на расположената Минесота, па Лионел Меси и неговите соиграчи доживеаја убедлив пораз со резултат 4:1.

Домашните фанови уживаа во начинот на кој Минесота го потопи тимот во кој, покрај Аргентинецот, настапуваат и уште неколку други големи фудбалски ѕвезди, а Меси можеше да го поправи впечатокот само со реализацијата која на крајот и не влијаеше на конечниот епилог.

Сепак, Аргентинецот погоди за 2:1 и во тие моменти ја врати надежта кај гостинската екипа од Флорида, за до крајот Минесота да постигне уште два гола и да му го нанесе најубедливиот пораз на Аргентинецот откако пристигна во МЛС.

За Интер Мајами ова е втор пораз во актуелната сезона и на Истокот заостанува четири бодови зад Синсинати и Колумбус, кои имаат натпревар повеќе.