Брнабиќ за навредите кон Вучиќ: Во последните 72 часа видовме сè, омраза кон еден човек, желби и надежи дека ќе умре

Макфакс

05/05/2025

18:39

297

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, зборуваше за навредите упатени кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Во последните 72 часа видовме сè -омраза кон човек, желби и надежи дека ќе умре (што поскоро), навреди на негова сметка, како и на сметка на неговото семејство (повторно), обиди да му го уништат животот, професионален и приватен. Не бираа ниту средства, ниту зборови и не ги интересираше исходот ниту за Србија, ниту за него самиот, или за неговото семејство. Единствена цел, како и секогаш, беше да му наштетат, да го повредат и омаловажат, да му направат некоја мизерна пакост. И веќе со години тоа е нивната цел, но со години не успеваат во тоа затоа што народот ја цени неговата работа, неговата борба, неговата посветеност и љубов кон Србија.

Се што се обидуваа да му направат во изминатите 13 години беше собрано во изминатите 72 часа. И повторно тој ќе победи, како што ќе победи и Србија. Нетрпеливо чекам да дојде среда навечер, кога сите тие мали, палави души ќе бидат заглавени во место. Само напред, претседателе“, објави Брнабиќ.