Претседателот на Ваљадолид и легендата на бразилскиот фудбал, Роналдо Назарио (48), се најде во центар на скандал откако на социјалните мрежи се појави снимка на која тој излегува од ресторан во Мадрид во видливо алкохолизирана состојба.
На снимката, Роналдо бил видливо пијан и едвај стоел на нозе додека се симнувал по скалите пред ресторанот.
Поради тоа, неговите пријатели морале да му помогнат и да го однесат до автомобилот, што предизвика уште поголем гнев кај навивачите на шпанскиот клуб кои ретко имаа можност да го видат претседателот.
Исто така Роналдо на овој начин дополнително го разгоре незадоволството на навивачите на Ваљадолид по неодамнешниот пораз од Барселона.
Инаку бразилецот и претходно беше критикуван за неговата неинволвираност во работата на клубот, а исто така не присуствувал на натпреварот против Барселона на стадионот „Нуево Хозе Зориља“.
Навивачите се огорчени поради испаѓањето на тимот од лигата, а за време на натпреварот го изразија своето незадоволство фрлајќи лажни банкноти од 500 евра со ликот на Роналдо.
Овој последен инцидент дополнително го зголеми разочарувањето и гневот кај навивачите на клубот кои бараат одговори за нивното испаѓање од лигата, отсуството на Роналдо и неговата очигледна незаинтересираност.