По три години од сабота повторно летови од Скопје до Барселона и за првпат до Лион

Макфакс

28/04/2025

20:23

736

Големина на фонт

а а а

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион.

До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота.


Првиот лет од Скопје за Барселона, по тригодишна пауза, ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на „ТАВ Македонија“ и „Визер“

Меѓународниот аеродром „Скопје“ првпат се поврзува со Лион, Франција, кој е под заштита на УНЕСКО.


На крајот на март требаше да се почне да и летот Скопје – Дубаи, но е одложен за наесен.