[ВИДЕО] Целиот свет „бруи“ за оваа сцена од погребот на папата: Читач од усни го дешифрирал она што Меланија му го шепнала на Трамп!

Точка

26/04/2025

18:44

7.069

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 250.000 ужалени се собраа денес на плоштадот Свети Петар за да му оддадат почит на папата Франциско, кој почина од мозочен удар на 88-годишна возраст. Меѓу нив имаше и странски дипломати, светски лидери и монарси, со претставници од 130 земји и меѓународни организации.

На погребот очекувано бил и американскиот претседател Доналд Трамп (78) со сопругата Меланија која во еден момент му шепнала нешто, а читач на усни дешифрирал што му рекла првата дама на својот сопруг.

Меланија Трамп и нејзиниот сопруг Доналд Трамп присуствуваа на денешниот погреб на папата Франциско, кој почина во понеделникот на Велигден на 88-годишна возраст. Во еден момент за време на тричасовната католичка миса, конгрегацијата била поканета да си „понуди знак на мир“ со ракување. На видео кое го обиколи светот, се гледа како американскиот претседател гледа се околу себе без да учествува во ритуалот „Знак на мирот“ пред Меланија да му прискочи во помош.


Никола Хиклинг, форензичка читачка на усни, за „МејлОнлајн“ изјави дека Меланија му шепнала на сопругот да почне да се ракува, пред Трамп неволно да се ракува со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Треба да го направиш тоа“, му шепнала Меланија на уво, а потоа повторила.

„Добро, во ред“, одговорил американскиот претседател.

Потоа тој се ракувал со естонскиот претседател Алар Карис, како и со шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, пред да се сврти кон Макрон.

Претходно во текот на денот, корисниците на социјалната мрежа „Х“ (поранешен „Твитер“) го коментираа изборот на облека на Трамп за погребот, бидејќи тој пристигнал во сино одело и соодветна вратоврска.

Имено, строгиот кодекс на облекување за настанот во Ватикан налагал мажите да носат темно одело со долга црна вратоврска и бела кошула. Чевлите, долгите чорапи, капутите и чадорите исто така мора да бидат црни.


Украинскиот лидер Володимир Зеленски не носел вратоврска, а Џо Бајден исто така носел сина вратоврска. Сите тројца беа обвинети дека покажале „непочитување“ бидејќи повеќето светски лидери биле облечени во црно.


Неколку корисници на „Х“ сметаа дека одлуката на Трамп да не носи црно е непочитување, а едно лице напиша: „Зошто Трамп е единствениот машки светски лидер кој носи сино одело?“.

Принцот Вилијам (42) исто така привлече критики во јавноста поради тоа што на погребот носеше темно морнарско одело, иако ги почитуваше прописите носејќи црна вратоврска.


Од друга страна, Меланија го следеше кодексот за облекување што го издаде Ватикан, бидејќи избра да облече црн блејзер и скромно здолниште. Насоките на католичката црква наведуваат дека жените мора да носат црни чевли со затворени пети, а Меланија за таа пригода избрала пар едноставни салонки. Таа имаше елегантен црн превез од тантела, како и соодветни ракавици, а носеше и едноставен дијамантски приврзок во согласност со строгиот кодекс на облекување за овој тажен настан.