На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот, откако Кривичниот суд го прифати предлогот за определување на мерки за претпазливост, како осомничена во дополнетата истрага за предметот „Адитив“.
Таа се сомничи дека преку апликациите за пораки „Вибер“ и „Ватс ап“ му оддавала службени тајни на друг обвинет за поведени постапки, за отворање предмети и одлуки против сега обвинетите фирми и лица во предметот „Адитив“, како и податоци за проверка на имот и неговото семејство.
За првоосоничениот Б.Н. кој се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавни набавки и перење пари, определена е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Кривичниот суд.
И за осомничената Б.П.М., определени се мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело.
Против овие решенија странките имаат право на жалба.