Фокс њуз вчера ги објави резултатите од својата анкета кои покажуваат дека Доналд Трамп моментално е најмалку популарниот американски претседател во 21 век во оваа фаза од неговиот мандат.
Според таа анкета, вкупниот рејтинг на Трамп е 44% по речиси 100 дена на функцијата, што е значително понизок во споредба со Џо Бајден (54%), Барак Обама (62%) и Џорџ Буш (63%) во истиот период од нивното претседателствување.
BREAKING: In an insane moment, Fox News has just revealed in their latest poll that the only President to have a lower approval rating than Trump's first term at the 100-day mark is Trump in his 2nd term.
— Really American 🇺🇸 (@ReallyAmerican1) April 23, 2025
Worst. President. Ever.pic.twitter.com/p7dpbQinKY
Фокс, исто така, истакнал дека популарноста на Трамп е помала дури и во споредба со неговиот прв мандат, кога имал 45% поддршка на 100-тиот ден по стапувањето на функцијата.
Падот на поддршката е најизразен во однос на прашањата поврзани со економијата, инфлацијата и царините
Фокс истакна дека падот на поддршката е најизразен за прашања како што се економијата, инфлацијата и царините, при што вкупниот рејтинг од 44% претставува пад од 5 процентни поени во однос на март. Трамп добил најдобри оценки за безбедноста на границите, каде што 55% од испитаниците ја одобруваат неговата работа. Ова е и единственото прашање на кое неговиот рејтинг е позитивен.
Во однос на имиграцијата, рекордни 47% ја одобруваат работата на Трамп (48% не ја одобруваат), додека само 38% ја одобруваат неговата работа во економијата (56% не ја одобруваат), што е нов најнизок резултат.
🇺🇸 NATIONAL POLL By Fox News (A)
— InteractivePolls (@IAPolls2022) April 23, 2025
President Trump
🟢 Approve: 44% (-5)
🟤 Disapprove: 55% (+4)
Independents: 26-73%
——
Trump's net approval on key issues
🟤 Inflation: -26
🟤 Tariffs: -25
🟤 Economy: -18 (new low)
🟤 Foreign policy: -14
🟤 Immigration: -1
🟢 Border security:… pic.twitter.com/uRbdGJYfr7
Исто така Трамп добил најлоша оценка за инфлација (33% одобруваат, 59% не одобруваат), потоа царината (33% одобруваат, 58% не одобруваат), надворешната политика (40% одобруваат, 54% не одобруваат), даноците (38% одобруваат, 53% не одобруваат) и оружјето (41% не одобруваат, 41% не одобруваат).
Про-Трамп медиум
Оваа анкета е изненадување бидејќи вестите кои го прикажуваат Доналд Трамп во негативно светло не се вообичаена појава на Фокс. Имено, тие се познати како про-Трамп медиум, со бројни примери на пристрасно известување во корист негова корист и Републиканската партија, како и „размена“ на вработени меѓу двете страни.
На пример, за време на претседателствувањето на Трамп, Фокс њуз им даде значително повеќе простор на неговите интервјуа и позитивното известување, додека критиките за него беа ретки во ударните термини.
Украдени избори
Каналот, исто така, ги промовирал неоснованите тврдења на Трамп за украдени избори во 2020 година, иако нивните новинари приватно се сомневале во вистинитоста на тие тврдења.
Интерните пораки и судските документи откриле дека водечките водители и директори на Фокс Њуз приватно знаеле дека тврдењата за украдени избори во САД се лажни, но продолжиле да ги промовираат во етер за да ги задржат гледачите наклонети кон Доналд Трамп, пренесе АП.
Tucker Carlson has testified under oath that he did not believe "The Big Lie" that Trump won the 2020 presidential election. There is documentation that proves he said this under oath. Tonight he repeated the lie that the election was stolen. Fox News lies to its audience. pic.twitter.com/NvJndBOMqC
— Decoding Fox News (@DecodingFoxNews) March 7, 2023
На пример, Такер Карлсон приватно напишал дека адвокатката Сидни Пауел „лажела“ за докази за измама, додека јавно им давал простор на тие тврдења. Од друга страна Руперт Мардок признал дека некои водители на Фокс поддржувале лаги, за кои знаеле дека не се точни.
Фокс потоа се согласи да плати 787,5 милиони долари (691,75 милиони евра) во спогодба за клевета со „Dominion Voting Systems“, откако судските докази покажале дека мрежата свесно емитувала лажни тврдења за изборна измама, и покрај внатрешните сознанија дека тврдењата се „лудост“ и „глупост“.
Блиска поврзаност преку вработување
Неколку советници на Трамп и членови на администрацијата доаѓаат од Фокс њуз, што дополнително ја покажува блиската поврзаност меѓу овој медиум и американскиот претседател.
Според „Дедлајн“, во неговиот втор мандат, Трамп назначил најмалку 19 поранешни вработени во Фокс Њуз – вклучувајќи водители, коментатори и новинари – на високи позиции во администрацијата, вклучувајќи ги Пит Хегсет (секретар за одбрана), Тулси Габард (директорка на националната служба за разузнавање), Шон Дафи (секретар за транспорт), Том Хоман (задолжен за контрола на границите) и Кимберли Гилфојл (амбасадорка во Грција).
Овој однос меѓу Фокс њуз и Белата куќа не е нов: за време на неговиот прв мандат, Трамп исто така назначи дваесетина поранешни вработени во Фокс, вклучувајќи ги Џон Болтон (советник за национална безбедност), Лери Кудлоу (директор на Националниот економски совет) и Кејли Мекенани (портпаролка на Белата куќа).
Од друга страна, по првиот мандат на Трамп, Фокс њуз ангажирал неколку поранешни членови на неговата администрација како коментатори и водители.