[ФОТО] Со причина се наречени китови - убијци: Туристи биле сведоци на шокантен напад на 60 орки врз син кит

Точка

18/04/2025

18:02

3.667

Големина на фонт

а а а

Секое лето, областа на длабоките подводни кањони на југозападниот брег на Австралија во близина на заливот Бремер станува омилено ловиште за морските предатори, како што се ајкулите и разните видови китови, особено орките. Затоа оваа локација е популарна меѓу туристите, кои неодамна имале можност да бидат сведоци на шокантната сцена.

Имено, туристи и поморски експерти на брод гледале како јато од 60 орки брка и убива 20 метри долг, мал, син кит, пренесе австралиската телевизија Еј-Би-Си.

Целата сцена била крвава, сурова, трагична но покрај сето тоа, природна.

Воедно, тоа бил само четврти случај на орки да ловат син кит во кањонот Бремер.

⚠️Warning Graphic Content


We witnessed an incredible and rare event yesterday as multiple pods of orcas successfully...

Posted by Naturaliste Charters Whale Watching on Tuesday, April 8, 2025

„Тоа беше многу интензивна борба која траеше околу 40 минути од моментот кога за прв пат го видовме синиот кит на површината. Кога неговата судбина беше запечатена, орките славеа со скокање од водата и удирање со опашката по површината“, изјавиле од „Naturaliste Charters Whale Watching“.

Целиот настан е извонреден потсетник за тоа зошто орките се главните предатори на океанот и зошто го носат името китови-убијци.


„Сè уште сме во шок. Секогаш се трудиме да останеме настрана и да не се мешаме, но многу е тешко да се гледа таква ситуација. Неверојатно брутално“, рекла Џена Такер, која работи за „Naturaliste Charters“.

„Страшно е, но тоа е природата. Беше привилегија да се набљудува вакво нешто“, додала Такер.