Фудбалската култура во Англија прави стадионите да бидат полни и во третата и четвртата лига, а натпреварот меѓу Свиндон и Бредфорд Сити кој се одигра изминатиот викенд се најде во центарот на вниманието поради една несекојдневна ситуација.
Во еден крајно неизвесен натпревар со луд тек на настаните, домаќините успеале да победа со автоголот кој си го постигнал противничките дефанзивец, но оваа средба стана вирална во Англија поради начинот на кој бил славен голот за 5:4.
Малерозниот Џек Шепард си постигнал автогол за конечни 5:4 во 97-та минута, а тоа предизвикало до толку голема сатисфакција кај ривалите, што решиле да му го слават лошиот потег во лице.
Оваа реакција на играчите на Свиндон брзо стана вирален хит на социјалните мрежи, каде коментарите дефинтивно се поделени околу оваа фудбалска сцена.
Едни се импресионирани од начинот на кој играчите на Свиндон му фаќаат сеир на ривалот, додека другите го осудуваат таквиот потег и се чудат како Шепард останал мирен и не возвратил агресивно во дадената ситуација.
A 97th minute winner to make it 5-4!#EFL | @Official_STFC pic.twitter.com/f6JryYfwOm
— Sky Bet League Two (@SkyBetLeagueTwo) April 12, 2025