Зошто Морган Фримен секогаш носи златни обетки? – Причината е морничава

Точка

10/04/2025

17:09

4.578

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер Морган Фримен (87) ја открил вистинската причина поради која секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки, а неговото објаснување е помрачно отколку што можете да претпоставите.

Тие му служат како „осигурување“

Фримен, кој е познат по својот заштитен изглед, ги носи овие обетки откако се прославил во филмот „Street Smart“ од 1987 година, кога имал 49 години. Меѓутоа, обетките не се само моден додаток, туку му служат како „осигурување“ во случај на негова смрт, пренесе „Daily Mail“.


„Овие обетки, постојано ме прашуваат за нив. Вистината е дека вредат колку еден ковчег, во случај да умрам во странска земја. Затоа и морнарите ги носеле, а затоа ги носам и јас“, рекол Фриман.

Филмот „The Crimson Pirate“ му послужил како инспирација

Во интервју за „Fox News“ во 2016 година, Морган објаснил дека инспирацијата за овој обичај ја пронашол во филмот „The Crimson Pirate“, во кој Бурт Ланкастер глумел пират на Карибите.


„Кога бев дете, гледав пиратски филм со Бурт Ланкастер кој носел обетка. Мислев дека тоа е секси. Потоа дознав дека морнарите носеле златни обетки за да обезбедат пари за нивниот погреб доколку умрат во странска земја. Јас сум морнар, па тоа ме погоди“, раскажал актерот, објаснувајќи дека одлучил да ги носи обетките бидејќи го поврзуваат со морето.